Каталог

 

КАТАЛОГ 2010 Новиот каталог за авто делови 2010 e  достапен во дигитална PDF верзија,



14.05.2018

ЛУКЕНА АВТОДЕЛОВИ СКОПЈЕ, распишува конкурс за работни позиции:
1. Комерцијалисти (теренски) за продажба на резервни делови, алати и сервисна опрема.
- познавање на автоделови
- познавање на алат и сервисна опрема
- поседување на возачка дозвола Б категорија
- пожелно работно искуство од овие области
Вашето CV испратете го на office@lukena.com.mk

Друштвото Лукена-Автоделови ДОО Скопје е ново на македонскиот пазар,но групацијата Lukena-Auto постои и работи повеќе од десет години на пазарите во бивша Југославија. Во Лукена-Автоделови се трудиме на потрошувачите да им понудиме максимален избор на производи по најповолни цени, максимално добра услуга, максимално задоволство при купувањето и да ја имаме нивната максимална доверба. За да функционира сето тоа сите вработени имаат дефинирани улоги во работењето на Лукена-Автоделови Скопје..

Ние веруваме дека човечките ресурси се главниот фактор за остварување на нашите цели. Дел од нашата мисија е на нашите вработени да им овозможиме сигурна и пријатна работна средина и можности за професионален и личен развој. Ги претпочитаме стручноста, комуникативноста, љубезноста, одговорноста, домаќинското работење, соработката, колегијалноста, лојалноста.

Во постојана потрага сме по способни индивидуалци кои можат да дадат свој придонес во унапредувањето на нашите услуги.

Ако сакате да конкурирате за работа во Лукена-Автоделови ДОО Скопје, испратете ни ја Вашата биографија на e-mail: vrabotuvanje@lukena.com.mk

Напомена: Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на апликацијата за вработување за идните потреби на Лукена-Автоделови ДОО Скопје, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Лукена-Автоделови ДОО Скопје, гарантира дека освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниедна друга цел ниту пак достапни на трети лица.