Каталог

 

КАТАЛОГ 2010 Новиот каталог за авто делови 2010 e  достапен во дигитална PDF верзија,





Topam - лагерите
за тркала, предни и задни, игличасти лагери, главчини за тркала и сетовите лагери за тркала се направени на најмодерни машини со користење на високо квалитетен челик. Производите се карактеризираат со неабење (трошење) и голема издржливост во тешки услови. Многу сме внимателни во контролата на квалитетот и технолошки константно напредуваме со научно-истражувачка работа на ова поле.

Topam - хомокинетички зглобови се изработени од најквалитетен челик со голема дебелина. Сите зглобови доаѓаат во сет со маст, затегачи и манжетни, направени од најдобри материјали кои спречуваат протекување на маста од системот и влегување вода во системот. Сите овие компоненти Ви гарантираат најдобар и најдолготраен зглоб на пазарот -Topam.

Topam - пумпите за гориво се производи по најновиот дизајн и највисок стандард на контрола на квалитетот за нивната примена. Во модерните EFI системи за гориво кружат до 200 литри гориво на еден час (околу 3 литри во минута) под притисок од 2.5 до 3.5 бари (250-350 kPa). Производите се составени прецизно и целосно се тестирани во нашите напредни лабаратории со посебен акцент на POM, PPS, карбонски комутатор и карбонска четкичка.

Сите Topam производи се пакуваат во квалитетна, сјајна и многу цврста амбалажа и сите имаат гаранција од една година.